Literatura.mk icon

Literatura.mk

1.0

Literatura.mk најголемата е-книжарница со повеќе од 15.000 производи

App Information

Version
Update
Aug 20, 2024
Developer
Category
Google Play ID
Installs
10+
App Description
Добре дојдовте во најраскошната е-продавница, која на едно место го собира најдоброто од книжевноста, едукацијата, уметноста, дизајнот и музиката.
Literatura.mk е најголемата е-книжарница во нашата земја, со повеќе од 15.000 производи. На виртуелните полици се застапени повеќе од 7.000 книги и едукативни публикации, од 70 етаблирани домашни и странски издавачки куќи. Во понудата се наслови на шест светски јазици, најбараните светски класици, актуелни бестселери, дела од најзначајните домашни автори, мотивациски книги, стручна и образовна литература, како и шаренило од изданија за деца.
Literatura.mk е повеќе од онлајн-книжарница, нудејќи богата програма за подарок со артикли од 80 брендови: уникатни подароци, дизајнерски предмети за домот, квалитетни играчки, едукативни, арт и колекционерски производи, како и училишна и канцелариска опрема.
На е-излогот на Literatura.mk се застапени врвните италијански брендови Alessi, Egan, BaciMilano, кои освен што се познати по високиот квалитет и впечатливиот дизајн, нудат комплетно луксузно уредување на домот и се вреден подарок.
Сите љубители на добриот звук, на Literatura.mk може да ги нарачаат добро познатите грамофони Crosely, како и обемен и значаен избор на плочи Bertus и Sony, од најпознатите светски музички имиња. Исто така, понудени се повеќе брендови за квалитетна аудиорепродукција, како Lexon, Ginko, SuckUK и други.
За сите деца, и оние што го негуваат детето во себе, на Literatura.mk се достапни играчки од најпопуларните брендови: LEGO, Pokemon, FunkoPOP, Bukowski, Bontempi, Plus Plus, 4M, Revell, Hey Clay и многу други.
Сите големи и мали колекционери и фанови на Хари Потер, Game of Thrones, Stranger Things, DC comics и други, тука можат да најдат автентични украси, додатоци и креации, инспирирани од светот на фантазијата.
Онлајн-продавницата www.literatura.mk е осмото продажно место на синџирот најголеми книжарници во нашата земја, „Литература.мк“, покрај веќе добро познатите локации во Скопје (на ул. Македонија, во „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, „Дајмонд мол“, ТВ „Буњаковец“), на Широк сокак во Битола и во центарот на Струмица.
Read more